еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни.

Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.248 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле

Редакција

Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Редакција

Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Редакција