еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Приврзаниците на про-руската партија „Преродба“ го гаѓаа бугарскиот премиер Петков со снежни топки

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска беше погоден со снежни топки на настанот на врвот Шипка, каде што тој заедно со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, присуствуваше на церемонијата за одавање почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, во време на Руско-турската ослободителна војна, 1877-1878 година.

Според информациите на бугарските медиуми, снежните топки кон бугарската делегација биле фрлени од страна на приврзаниците на про-руската партија „Преродба“, во моментот кога Петков почнал да зборува дека 500 километри од Бугарија има воен конфликт, и дека денешниот свет е поинаков од вчерашниот.

Фото: Влада/видео: Бгнес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 30 случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Редакција

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

Редакција

Успешно извршена реплантација на десна подлактица на 54-годишниот Џафер Алија, кој при работа си ја исекол

Редакција