еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Петличковски: Ќе стигнеме до колективен имунитет и без висок процент на вакцинирани, но плативме превисока цена со 9.000 починати

Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар. Во последните четири недели од извештаите на Институтот за јавно здравје гледаме намалување на сите релевантни параметри што ја проценуваат состојбата со пандемијата, изјави за Утрински брифинг, претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Тој вели дека појавувањето на нови вријанти на коронавирусот сега е многу потешко кога голем дел од населението, 80 проценти, има постигнато колективен имунитет.

„Процентот на вакцинирање во Македoнија е мал. Тоа е најбезбеден и најдобар излез од пандемијата. Ние тргнавме по потешкиот пат со прележување на болеста и сепак достигнавме до 80 проценти имунитет. Имунитетот од прележана болест е многу солиден.

Сметам дека најголемата кривица за малиот процент на вакцинирани кај нас не е во луѓето, туку во власта, во нас, во стручните лица кои не успеавме да му објасниме на населението доволно јасно и со примери да покажеме, дека вакцините се нашиот најдобар излез,“ нагласи Петличковски.

Во однос на податоците од спроведениот скрининг на населението, д-р Петличковски вели:

“Досега се анализирани 920 примероци. Од нив 170 се невакцинирани. Кај вакцинираните дури 89 проценти имаат некаков имунитет, само 170 се неимунизирани, но 78 проценти имаат имунитет поради прележана болест.

Сакам да ја споменам изјавата на Дејан Трајковски, кој ги следи движењата со епидемијата и многу убаво дефинира: Ако сите луѓе беа вакцинирани наместо 9.000 умрени од Ковид-19, денеска ќе имавме барем 3.000 помалку.

Сакам да кажам и да биде јасно, ние и така ќе стигнеме до колективен имунитет, но плаќаме превисока цена – овие 3.000 луѓе кои умреа заради ковид. Доколку беа вакцинирани не мораше да умрат. Секако имунитетот после прележана болест има своето место во денешната состојба, но за жал цената е таа – 3.000 непотребни мртви“, вели Петличковски.

Во однос на резултатите од скринингот во училиштата и можноста наскоро да престанат да се носат маски во училниците, д-р Петличковски вели:

„Во рамки на скринингот направени се 2.200 теста, а само 18 деца се позитивни. Сега имаме простор да дискутираме за ослободување на децата во училиштата од маските. Секако дека ова сериозно ќе биде разговораме, и блиску сме до тој момент,“ рече Петличковски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во октомври четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА, две лица починале

Редакција

(Фото) МПЦ одржа заедничка литургија со Вселенската патријаршија

Редакција

Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од Ковид-19

Редакција