еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија

Вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет на еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освојувајќи четири златни медали и едно специјално признание, информираат од винаријата.

На пролетното издание на овој врвен меѓународен вински натпревар златни медали освоија Sauvignon Blanc Barovo 2021, Barovo red 2019, Domaine Lepovo Pinot Noir 2019 и Terrasse a L’Ombre 2019, при што ова исклучително вино од француската винарница на „Тиквеш“ – Château de Gourdon, беше оценето и како „Најдобро од долината на Рона“, еден од најпознатите вински региони во Франција, во кој е лоцирана винарницата.

За истакнување е и дека виното Sauvignon Blanc Barovo 2021 добива значајно признание, какво што е златниот медал на „Мундус вини“, уште во првата година по неговото создавање и лансирање на пазарот.

Значењето на овие признанија за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ е дотолку поголемо што се добиени во конкуренција на илјадници вина од десетици земји во светот.

Вината се оценувани од меѓународно жири составено од врвни енолози и сомелиери, признати трговци на мало со исклучително знаење на виното, вински новинари и научници од целиот свет. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира.

Наградите на „Мундус Вини“ се оценети и како значајна маркетиншка алатка за зголемување на препознатливоста при настапот на високо конкурентните светски вински пазари.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Во последниве години вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domaines“ годишно освојуваат над 100 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари, велат од винаријата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сензорна соба во училиштето „Видое Подгорец“ во Струмица во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Редакција

(Видео) AVON лансира два фантастични новитети за да го одбележи 15-годишниот јубилеј од постоењето на својот најпознат мирисен бренд ТТА

Редакција

(Галерија) Во скопско Ново Лисиче волонтери на ЕВН направија игралиште за забава од моторни гуми, електрични кабли и кабелски котури

Редакција