еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Приврзаниците на про-руската партија „Преродба“ го гаѓаа бугарскиот премиер Петков со снежни топки

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска беше погоден со снежни топки на настанот на врвот Шипка, каде што тој заедно со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, присуствуваше на церемонијата за одавање почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, во време на Руско-турската ослободителна војна, 1877-1878 година.

Според информациите на бугарските медиуми, снежните топки кон бугарската делегација биле фрлени од страна на приврзаниците на про-руската партија „Преродба“, во моментот кога Петков почнал да зборува дека 500 километри од Бугарија има воен конфликт, и дека денешниот свет е поинаков од вчерашниот.

Фото: Влада/видео: Бгнес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина од негативни реакции на Твитер за протестот за подршка на обвинетите за случајот „Монструм“

Редакција

(Видео) Зеленски во обраќањето во Советот на Европа: Благодарам за санкциите, но предоцна е, да не задоцневте, војна можеби немаше да има

Редакција

Наредба за истрага и притвор за четири лица осомничени за „трговија со дете“

Редакција