еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нафтени деривати има, одредени трговци вештачки го нарушуваат пазарот, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

– На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ.

Од Комисијата нагласуваат дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите.

– Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, додаваат од РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот во неготинско го затвори патот Неготино – Штип

Редакција

Убава вест: Рекордни 534 новооздравени од корона вирусот, во Скопје 353

Редакција

Од денеска почнуваат да важат новите мерки: Рестораните ќе работат до 18 часот, забранети се собири по плоштадите и фирмите

Редакција