еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Договорен нов прекин на огнот во Мариупол

Градските власти на Мариупол за денеска најавија нова евакуацијата на цивилите што треба да почне точно на пладне по локално време (11 по средноевропско време) и дека е договорен и привремен прекин на огнот.

Според градските власти, прекинот на огнот ќе трае од 10 до 21 часот по локално време (од 9 до 20 часот по средноевропско време).

Во текот на целиот вчерашен ден продолжија нападите врз украинските градови Мариупол и Волноваха, откако Русија претпладнето соопшти дека е договорен краток прекин на огнот за да се овозможи хуманитарна евакуација.

Русија и Украина се договорија за ограничен прекин на огнот околу двата града, за да може да се евакуираат луѓето кои се обидуваат да избегаат.

Но, украинските сили соопштија дека руските сили не го исполнија целосно договорот за „примирје“ и дека евакуацијата на луѓето од опколениот пристанишен град Мариупол мораше да биде запрена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во опколените места во Украина снемува вода, жителите топат снег

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двојните избори ќе ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи, се гласа само еднаш

Редакција

Коце Трајановски нов в.д. директор на ЈП за државни патишта

Редакција

Лакоми, мали, корумпирани човечиња: Твитерџиите за обидот на пратениците да се протне закон со кој ќе им се гарантира државна работа

Редакција