еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

РКЕ им даде 90 дена на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да достават доказ дека ги поседуваат потребните резерви на мазут

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им даде рок од 90 дена на трговците на големо со мазут – РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на „Пари“: Колку заработиле лани РКМ, Супертрејд, Пертинакс, Ли-Оил

Со одлуката донесена на денешната главна седница на РКЕ, во утврдениот рок од 90 дена, трговците на големо со мазут мора да ги обезбедат потребните количини на оперативни резерви на мазут во своите складови, кои за секој трговец се пресметуваат по методологија утврдена во Правилникот.

-Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу шест месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут.

Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во првата фаза, додаде, РКЕ ги извести трговците за постоење на причини за почнување постапка за одземање лиценци, по што во рок од седум дена три од четири трговци на големо со мазут доставија одговор на нашето известување и тоа Ли Оил, Супертрејд и РКМ, додека Пертинакс не достави.

-Трговците на големо со мазут во одговорите објаснуваат дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донесе во април 2021 година е без период за прилагодување на компаниите со новите промени.

Трговците објаснуваат дека состојбата со Ковид-19 ја отежнала работатa во тој период и го намалила капацитетот на вработените. Дел од компаниите тврдат дека веќе ги обезбедиле неопходните резерви, а дел побараа и максимален рок од шест месеци за да се усогласат, велат од РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казнети со 55 илјади евра: Објавени седумте компании кои направиле пропусти во тргувањето со мазут, дел ќе останат без лиценца

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 345% зголемена вредноста на договорените работи на градежниците во странство

Редакција

Пронајдени човечки коски и облека кај кочанско Оризари

Редакција

ИТНО е потребна крв Б-група, за пациент со акутна леукемија

Редакција