еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Дојранското крајбрежје доби нова плажа кај селото Николич

Во близина на дојранското село Николич, профункционира новата плажа „Бич Бар Николич“ за која уште минатата година, од страна на локалната самоуправа, беше најавено дека ќе се преуреди за туристите пред стартот на оваа летна сезона.

На плажата работи бар со капацитет за педесетина гости и на неа врз ситен песок се поставени лежалки за 250 посетители за кои е преуреден и паркинг за целосно урбанизирање на просторот.

– Езерското крајбрежје во Николич и неговата околина уште пред половина век беше познато по посетеноста на тогаш познатиот авто камп „Ачикот“ и околните плажи кои по пример на оваа ветивме дека ќе им ги вратиме на туристите во употреба откако урбано ќе ги средиме, велат од Општина Дојран.

Од секторот за урбанизам на Општина Дојран посочија дека крајбрежниот предел кај Николич, кој се протега кон граничниот појас со Грција, ќе се претвори во локална инвестициска зона во која ќе бидат поставени и туристички кампови.

МИА/Фото: Бич Бар Николич/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асен Василев, наместо Кирил Петков кандидат на ‘Продолжуваме со промените’ за нов премиер на Бугарија

Редакција

Вкупно 3.098: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Локализиран пожарот кај Фурка

Редакција