еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 71,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73,5, малопродажната цена на дизелот не се менува и останува 63 денари за литар.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472 отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста не треба да се доведува во заблуда со објава на неточни „предвидувања“, шпекулации и невистини, велат од Државна лотарија

Редакција

Владата најави поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи

Редакција

Кина, најголемиот трговски партнер на Македонија надвор од Европа најавува големи инвестиции

Редакција