еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) По педесеттина години повторно поставен мост на прочуениот локалитет „Ѓаволски мост“ на планината Беласица

Вчера, на 41-та годишнина од основањето на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, за првпат беше поставен железен мост на прочуениот локалитет Ѓаволски мост на планината Беласица, пренесува Струмица нет. 

Мостот е поставен над карпеста провалија длабока 15 метри, на надморска височина од 1.522 метри, под сртот на Беласица и е наменет за планинари, велосипедисти и спортски мотоциклисти.

После долги години и неуморни залагања, иницијативата на ПАОК „Ентузијаст“ за мост е реализирана благодарение на сесрдната поддршка од донаторот Пепи Коцев – љубител на планинарските спортови.

Монтирањето го изведоа бројни членови од клубот предводени од стручни лица, со помош и на велосипедскиот клуб „Актив“ и мото-крос клубот „Џабл“.

Од „Ентузијаст“ велат дека ова за планинарењето се смета за историски настан, затоа што после повеќе од еден век е изграден премин на Ѓаволски мост – место полно со мистика и народни верувања заради недостапноста и величествените спили.

Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година, а порано војската сè до раните 70-ти години од минатиот век го користела за гранична патрола зашто е во непосредна близина на грчката граница, но потоа се распаднал.

Отсега љубителите на Беласица ќе имаат можност да го премостат безбедно јазот на Ѓаволски мост и да се движат непречено под сртот по целата линија на планината, од запад кон исток сè до бугарската граница, што досега беше невозможно.

Фото: Струмица нет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Драчево го доби 12. по големина крст во светот

Редакција

Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк

Редакција

Клиника Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот

Редакција