еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Локализиран пожарот кај Фурка

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ), Подружница Кожув Гевгелија, да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања

Редакција

Каков имот пријавила судијата Сузана Здравева, која ја разреши Судскиот совет

Редакција

Убава вест: 2.418 оздравени од Ковид-19

Редакција