еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку ЦУК, воздушна поддршка. Испратен е еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи кој дејствува зедно со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка, ќе биде побарана помош од Армијата, велат од ЦУК.

Активен пожар има и кас охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Фурка се уште активен, изгаснати 12 други

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец физички нападнат од три лица

Редакција

Нападната скопјанка: Со сила и ја одзел чантата со пари и картички

Редакција

Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска: Желбата за правда ме води низ животот

Петре Димитров