еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот кај Фурка се уште активен, изгаснати 12 други

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај Фурка, интервенира и армиски хеликоптер

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население

Од ЦУК посочуваат дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) – Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица.

Во последните 24 часа се изгаснатаи 12 пожари во земјава.

Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила.

Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население.

Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари.

Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско.

Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Зголемена хоспитализираност од Ковид-19, но луѓето не се тестираат

Редакција

„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи

Редакција

Нема никого да подложувам на тортура овде, рече Ескобар по средбата со Ковачевски

Редакција