еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема никого да подложувам на тортура овде, рече Ескобар по средбата со Ковачевски

САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

Прашан каква порака има за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ескобар рече дека нема никого да подложува на тортура овде, но дека очекува отворена размена на гледишта и дека ќе има нешто повеќе да каже за јавноста по состанокот.

„Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја даваме на сите во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака, изјави Ескобар, одговарајќи на новианарско прашање.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека „САД биле, се и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси за демократскиот напредок на земјата, од независноста до денес и се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата, а тоа е членството во НАТО, кое што го остваривме и она што следи, членството во ЕУ.“

Нов договор, како што рече, нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка.

„Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка, како што некои политичари истакнуваат. Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ.

По членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните,“ рече Ковачевски.

Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на Македонија, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.

„На денешниот состанок разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Раговаравме за успешниот тек на скрининг процесот, а пред се за процесот на отпочнувањето на уставните измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европската иднина и продлжување на процесот на европски интеграции на Македонија,“ рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прашањето за уставни измени ќе се води толку колку што е потребно, изјави Ковачевски по средбата со Ескобар

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотелите полупразни, приватните капацитети исполнети: Охрид за Нова Година

Редакција

Случај „Монструм“: Побарана е екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но од Косово се уште нема одговор

Редакција

(Ексклузивни фотографии) еМагазин на Хидра: Зошто култниот Леонард Коен купи куќа на овој грчки остров

Петре Димитров