еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Над 1.000 рецепти за хронична терапија препишале матичните лекари, наместо специјалисти

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа.

„Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата.

Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1.073 лекови.

Со оваа реформска мерка, со која овозможивме терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари, направивме суштински промени и унапредувања за пациентите и за здравствените работници,“ истакна министерот Меџити.

Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар.

Предностите на оваа мерка се што пациените не се изложуваат на трошоци, тие терапијата за своето хронично заболување може да ја добијат кај својот матичен во местото каде живеат. Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем. Со реформите во ПЗЗ се олеснува административниот товар, а исто така се намалува притисокот врз секундарното и терцијарното здравство.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва ќе употреби нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија, не поради Украина

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на Град Скопје за обезбедување на училиштата вреден 195.000 евра

Редакција

Владата купува компјутери и информатичка опрема за 67.000 евра

Редакција