еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови

Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери.

„Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи.

Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта“ во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник.

Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици,“ истакнуваат од „Макпетрол“.

Компанијата денеска, уште во раните утрински часови, го обезбеди сето расположливо гориво од „Окта“, а истото во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол“.

Очекувањата се дека снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол“ во следните денови ќе се нормализира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрени над 2,2 милиона евра за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Проф. Дујовски: Во случај на нуклеарен напад, секој граѓанин треба да добие медицински пакет кој ќе содржи јод

Силвана Жежова

Од Владата велат дека македонската химна останува иста и текстуално и инструментално

Редакција