Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 2 починати лица од Ковид-19: од Крушево (85г) и Кавадарци (67г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1).
Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Сите починати лица се со регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.104.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 303 оздравени од Ковид-19
Нови 292 случаи на Ковид-19 од 2.410 тестови, 45 се реинфекции
Фото: МЗ