еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ ги додели годишните награди

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели новинарските награди за 2021 година по повод 76-годишнината од своето формирање.

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, оваа година ја доби уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, додека добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“ е Соња Колевска-Делевска од „сдк.мк“, а наградата за известување на теми од локално и регионално значење ја добија Убавка Јаневска и Даниела Саздова од „дума.мк“.

Долгогодишната уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова, изрази надеж дека овие награди на ЗНМ можеби ќе овозможат поголем број средношколци да ја изберат новинарската професија.

– Би сакала да кажам дека можеби наградата којашто ја востанови ЗНМ ќе овозможи поголем број на средношколци да ја изберат токму новинарската професија и како квалификуван кадар да можеме да ги добиеме и ние во редакциите во внатрешноста, рече таа.

Добитничката на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“, Соња Колевска-Делевска, која се заблагодари на својата редакција за препознавањето на вакви теми потенцираше дека ќе продолжи во истата насока во врска со темите.

– Темите за човекови права станаа наш препознатлив бренд. Ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето чиј глас никако не може да се слушне во општеството, истакна Колевска-Делевска.

Александар Чомовски, кој беше дел од жири комисијата ја изрази својата увереност дека треба да се има верба во македонското новинарство.

– Прочитавме и прегледавме стотина страници прониклив новинарски труд, на одлично осмислени и реализирани истражувачки стории. И ви велам, не кудете го македонското новинарство. Тоа е оживеано, се поаргументирано, поверодостојно и се по бестрашно.

Се влегува во темите на општествената и политичката декаденција во држава во која се уште не владее скромност и штедливост со зборот и парите, нагласи Чомовски и додаде дека се повеќе има, како што рече, „истенчен новинарски нерв“ да се открие неправдата, насилништвото, немоќта на институциите, да се трага по правдата и загрозувањето на човековите права и слободи.

ЗНМ секоја година доделува награди за новинари, наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“, и наградата којашто ја доделува од 2020 година по одлука на Управниот одбор за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на земјата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов: Македонија со овој менталитет не треба да влезе во НАТО, во Скопје треба да се свестат и да станат нормален народ

Редакција

Села: Најверојатно некои претседатели на политички партии знаеле што ќе се случи во Собранието на 27 април

Редакција

Од 1.162 починати лица со Ковид-19, 987 не биле вакцинирани

Редакција