еМагазин
Image default
Македонија

Каракачанов: Македонија со овој менталитет не треба да влезе во НАТО, во Скопје треба да се свестат и да станат нормален народ

Бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во емисијата „Недела 150” на Бугарското национално радио изјави дека и покрај тоа што има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, во Скопје не престануваат да ја фалсификуваат историјата.

“Веќе година и пол т.н. Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според мене е недопустилво, а од македонска страна има желба да се извртува, рече Каракачанов, зборувајќи за работата на заедничката експертска комисија за историски и образовани прашања помеѓу Бугарија и Македонија.

Лидерот на ВМРО-БНД рече дека македонската страна тврди дека Цар Самуил војувал и среде Бугарија.

Порачува дека во Скопје треба да се смени менатлитетот, а Македонија со овој менталитет не би требало да влезе во НАТО.

„Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари. Како лидер на ВМРО, човек, историчар и Бугарин, имам право на свое мислење и ќе го бранам”, рече Каракачанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е контроверзниот Красимир Каракачанов: „Човекот што сака Бугарија да се простира од Софија до Токио“

МНР за изјавата на Каракачанов: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата без коментар на ставот на Путин дека со сила Македонија се сака да се внесе во НАТО

Редакција

По Италија Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Велика Британија

Редакција

Бугарската министерка Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија

Редакција