еМагазин
Image default
Македонија

Државна ревизија констатирала неправилности во работата на Државниот инспекторат за труд

Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на работењето на Државниот инспекторат за труд во делот на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност сметка на основен буџет 637 за 2020 година, информираат од ДЗР.

Притоа, меѓудругото, утврдил отсуство на пишани процедури за системот на внатрешни контроли во процесот на набавки и плаќање, неизвршување на работните задачи од вработените во обем и начин утврден со актите за систематизација, но и оти постапките за јавни набавки се спроведувани само од лицето ангажирано по договор за услуги, за дел од набавките не се спроведени постапки за јавна набавка и нецелосно се применети одредбите од Законот за јавни набавки.

Исто така, како што соопшти денеска Државниот завод за ревизија, утврдено било и ненавремено сметководствено евидентирање на ново набавените средства и слабости при вршење на попис.

– Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Препорачавме изготвување на пишани процедури за движењето на финансиската документација и проверка на сметководствените документи за извршени набавки на стоки и услуги, вршење на работните задачи од вработените во секторите во обем и начин утврден со актите за систематизација, спроведување на постапките за јавните набавки со учество на сите членови од комисијата и спроведување на постапки согласно Законот за јавни набавки, велат од Државниот завод за ревизија.

Цел на ревизијата, како што информираат оттаму била да се види дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува летниот распуст за учениците 

Редакција

Претседателот на Собранието, Џафери повикан во Обвинителството за истрага за неговиот избор

Редакција

Министрите Божиновска и Љутков и Кадиевска-Војновиќ не се веќе во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција