еМагазин
Image default
Македонија

Почнува летниот распуст за учениците 

За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст.

Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20. 000 првачиња.

На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35.690 ученички места.

Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август.

Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија,  физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.

Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk)  за доставување сугестии и забелешки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

(Видео) Спасовски: Тоа што МВР претресуваше фирма поврзана со Орка холдинг, е коинциденција со почеток на судењето со Камчев

Редакција

Детален преглед по скопските општини: Аеродром и Гази Баба со над 1.000 активни случаи на Ковид-19

Редакција