еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица

Во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државни резерви пченица, рече денеска државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Како што посочи Димковски, движењето на цените се следи, но и се работи на динамичен план преку стопанските комори.

-Нема потреба од активирање на резервите, имаме доволно пченица во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување, истакна советникот на прес-конференција откако претходно министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од денеска почнува забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Димковски информира дека интензивно се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени.

-Моментно има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури, рече Димковски.

Веќе е разговарано, дополни, и за промена на одреден модел кај стоковните резрви.

-Кога зборуваме за гарантиран откуп, зборуваме за договорно производство. Ги охрабруваме производителите и откупуавчите врската меѓу нив во овој сегмент да ја засилат, да биде уште појака.

Но, во пазарна економија не може да најдете загарантирана цена. Ние ја следиме призводната цена и врз основа на неа интервенираме за да го задржиме нашето производство, објасни Димковски.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина

Редакција

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

„Раде Кончар-контактори и релеи“ го доби тендерот на МВР за набавка на регистарски таблици за возила вреден 575.000 евра

Редакција