Началникот на Оддел на Воена полиција во Хрватска, Владо Ковачевиќ потврди дека од леталото кое падна во Загреб, била извлечена црната кутија, која делумно била оштетена, што укажува на можноста дека носела експлозивна направа, јавуваат хрватските медиуми.
Ковачевиќ изјавил дека за сега не може да каже кој е сопственик на дронот, од каде дошол и која му била мисијата.
„По вештачењето ќе има податоци, ова се само претпоставки. Можеме да претпоставиме дека се работи за експлозивна направа која ја носело леталото, еден дел од фрагментите укажува на тоа, но не сме сигурни во која насока истражувањето ќе оди, допрва се ќе видиме,“ вели Ковачевиќ.
Според него доколку беспилотно летало се користи за шпиунирање или собирање на информации, не се користи експлозив, па оттука најверојатно леталото било користено за друга намена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ