еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Чешка бара помош од ЕУ да ги смести бегалците од Украина

Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракуштан денеска изјави дека Прага побарала од Европска Унија 25 модуларни згради за да смести 50.000 украински бегалци.

Тој истакна дека ресурсите на Чешка веќе се исцрпени.

Повеќе од 102.000 украински бегалци се пријавени во Чешка по руската инвазија што почна на 24 февруари.

Чешка со население од 10,7 милиони има украинска заедница со околу 200.000 луѓе, кои главно работат во градежништво, како негувателки и куќни помошнички.

МИА/Фото: Министерство за одбрана на Чешка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето

Редакција

Нови 447 случаи на Ковид-19 од 3.034 тестирања

Редакција

„Јумак“ го доби тендерот на Град Скопје за дизајн и изведба на велосипедска патека на Водно вреден 115.000 евра

Редакција