еМагазин
Image default
Свет

Снимател на американската телевизија Фокс њуз загина во Украина

Снимателот на Фокс њуз, Пјер Закрзевски, загина во Украина, откако било погодено со рафален оган возилото во кое патувал, објави американската мрежа на својата веб-страница.

Закрзевски известуваше со друг новинар на Фокс њуз, Бенџамин Хол, вчера кога беа нападнати во близина на главниот град Киев. Хол останува во болница.

Претходно, украинските власти објавија дека најмалку тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се повредени од почетокот на руската инвазија на Украина.

Покрај американскиот новинар Брент Рено, руски војници убиле и двајца украински новинари, објави во вторникот на Телеграм украинската омбудсманка Људмила Денисова, јави ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Американецот Брен Рено е првиот странски новинар убиен во Украина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Редакција

Истражување: Светот најтажен, најгневен и најуплашен од кога било досега

Редакција

Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен во кривична постапка

Редакција