еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Семејството украински бегалци се смести во Струга, сакаат да бидат корисни за општеството и се нудат да го работат тоа што го знаат

Семејството од Украина со шест деца, за кое се собираше хуманитарна помош во Охрид, е сместено во Струга.

Марија Орловскаја вели дека Македонија е прекрасна земја која има убави и љубезни луѓе.

„Ќе ви бидеме благодарни за вашата помош со веганска храна, облека и обувки за деца, пелени за најмалите. Сакаме и ние да бидеме корисни. Јас сум доктор, нутриционист, лекувам со билки, сопругот и јас правиме масажи и водиме часови по јога.

Можам да ви помогнам да го подобрите вашето здравје, и да се опоравите од многу болести, и да се спречат. Можеме да испланираме здрава исхрана за вас и да ве научам да готвите.

Мојот сопруг прави масажа, работи јога, поправа компјутери, прави веб-страници, имаме минибус и приколка и може нешто да пренесе за мал надомест.

Нашата најстара ќерка и нејзината пријателка (која што ја напушти Украина без нејзините родители) имаат 15 години, свират на гитара и добро пеат, тренираат кучиња професионално и можат да помогнат да ја средат вашата градина или да го прошетаат кучето.

Ќе бидеме многу среќни да запознаеме нови луѓе тука и да бидеме корисни. Имаме големо семејство, најмалиот син има 1 месец. Веруваме дека ќе успееме да го поминеме овој тежок период со ваша помош,“ пишува Орловскаја на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Семејство бегалци од Украина пристигнаа во Охрид, потребна им е помош

Фото: Фејсбук/Орловскаја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонци крадат куфери во Египет!

Редакција

„Авто гума“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени прстени вреден 944.000 евра

Редакција

Законот за амнестија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка

Редакција