еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, информираат од Министерството за здравство.

„Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор,“ соопштија од Министерство.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.

За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за изградба на пат меѓу Старо и Ново Коњарево вреден 82 милиони денари

Редакција

Министерството за одбрана ќе потроши 6 милиони денари за привремени вработувања

Редакција

Бројот на умрени лани зголемен за 10,7%, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19

Редакција