еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не постои ниту еден акт потпишан од мене за рушењето на „Космос“, рече Јанакиески во завршните зборови за „ТНТ“

Не постои ниту еден акт што е потпишан од мене како министер за транспорт и врски, а се однесува на рушењето на објектот „Космос“. Не ни може да има таков акт, бидејќи како министер сум немал таква надлежност. Документите што ги потпишав се во насока на овозможување да опстане одобрението за градба, посочи обвинетиот Миле Јанакиески во денешните завршни зборови за случајот „ТНТ“ пред судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

Јанакиески вели дека не постои телефонски разговор или СМС-порака каде врши поттикнувачки дејствија кон сообвинетитот Тони Трајковски, а уште помалку кон инспекторката Елизабета Најдовска.

Тој додаде дека не постои ни комуникација каде се бара незаконски да се сруши објектот „Космос“ и посочи дека овие два столба, односно поттикнувањето и барањето начин незаконски да се сруши објектот се основните битија во актот.

Исто така, нагласи и дека „Фијат Цановски сам истакнал дека бара политичко решение, со што признава дека објектот е нелегален“.

– Се надевам дека преку моите завршни зборови и завршните зборови на мојата одбрана судот ќе донесе ослободителна или одбивателна пресуда. Ако добијам и шеста осудителна пресуда, дали нешто ќе се смени во општеството?

Мојот одговор е дека ништо нема да се подобри, освен што Цановски ќе заработи од Буџетот на државата, давајќи поттик на други своето незаконско работење да го прикријат преку политички решенија користејќи ги правосудните органи, посочи Миле Јанакиески.

Тој го спомена и помилувањето од страна на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, но и, како што рече, мислењето на сегашниот министер за правда, Никола Тупанчевски, кој вели дека предметот е застарен.

Според Јанакиески, „ова е единствен предмет на Специјалното јавно обвинителство каде не се штитат интересите на државата и Буџетот и оти предност се дава на приватниот интерес, односно на човек кој незаконски гради и проблемите ги решава преку политика“.

Утре завршни зборови ќе има обвинетиот Тони Трајковски.

Покрај Јанакиески и Трајковски, за делото се обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „ТНТ“: Рустеми побара затворска казна за Груевски и повлече дел од обвинението за Јанакиески

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре и задутре средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања, најави Ковачевски

Редакција

Најголемата швајцарска банка UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција