еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утре и задутре средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања, најави Ковачевски

Претставници на министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн“, одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти во однос на политичките средби со Бугарија.

Тој се осврна и на вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков, кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола.

Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото на неговиот киоск

Петков телефонски разговарал со Ковачевски, очекува нулта толеранција за провокации

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Северина кај Бочварски

Редакција

Димитров се „спаси„: Не помина интерпелацијата за министерот за надворешни работи

Редакција

Мицкоски: Ако Владата го начне македонскиот идентитет, ќе се соочи со народот

Редакција