еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Радојевиќ: Секоја година ќе имаме некој нов сој и ќе имаме секој пат нова вакцина против Ковид-19

Д-р Немања Радојевиќ од Клиничкиот центар во Подгорица, лекар кој специјализирал судска медицина и јавно здравје на универзитетот Харвард во гостување во Утринска на Телма изјави дека сојот омикрон ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот.

„Доста работи и натаму се непознати и неможеме сосема јасно да предвидиме што ќе се случува во иднина, но некое мое мислење е дека омикронот ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот.

Веројатно ќе имаме нови соеви на сезонско ниво, како што е кај грипот, кај инфлуенцата.

Значи секоја година ќе имаме некој нов сој и ќе имаме секој пат нова вакцина. Кој ќе сака, како против грипот да се вакцинира за да го намали ризикот од заболување ќе биде добро, кој нема да сака тоа нема да го прави.

Во суштина се плашам дека короната ќе премине во сезонска болест, тоа значи дека епидемија односно пандемија како што е сега нема да биде препозната на тој начин, но не мислам дека ќе се ослободиме од короната за да ја снема целосно.

Но, таа ситуација не мора да изгледа песимистично, бидејќи ние и ден денес живееме со грипот и пред короната живеевме со грипот“, вели Радојевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Олумчев: Вакцините штитат околу 3-4 месеци, со омикрон сојот ви треба 2 секунди да се заразите

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на Проф. Трајковски покажува колку вакцинацијата има влијание за смртноста од Ковид-19

Редакција

Вицепремиерот Димитров со скршеница на рамото: “48 години сепак не биле исто што и 20“

Редакција

Бебето кое почина од туберколоза живеело во добри услови, народниот правобранител отвори предмет

Редакција