еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Олумчев: Вакцините штитат околу 3-4 месеци, со омикрон сојот ви треба 2 секунди да се заразите

Вакцините штитат околу 3-4 месеци, па треба или да се ревакцинираме или повторно да заболиме, вели за Студио 10 на ТВ 24, д-р Сашо Олумчев.

“Опаѓа бројката на хоспитализирани, но да почекаме, не знаеме како вирусот ќе продолжи. Сега ќе има висок раст на заболени, ако е омикрон нема да има притисок врз здравствениот систем, но ако се врати делта сојот, тој притисок ќе расте.

Има многу мал опсег на вакцинација, немаме ни 20% на вакцинирани со бустер доза. Во моментов ќе мора повторно како лекарска фела да им објасниме на луѓето да бидат потрпеливи.

Вакцините штитат околу 3-4 месеци, па треба или да се ревакцинираме или повторно да заболиме. Со омикрон сојот требаат 2 секунди да се заразите“, вели Олумчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Олумчев: Многу го запоставивме грипот, неговите симптоми се речиси идентични со Омикрон, и од него се умира

Петличковски: Трите дози вакцина против Ковид-19 во моментот даваат гаранција за над 95% заштита од смрт

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Атиџе за новата куќа доби трпезарија во медова боја

Редакција

Доктор Лазаров со иницијатива: 30. денари за вакциниран пациент за матичните лекари, да се наменат за лекување на болни

Редакција

Каде ќе им оди душата: Фондацијата „Допир“ преку лажни профили собирала донации, кривична пријава за две лица

Редакција