еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина е подготвена да разговара за усвојување на неутрален статус, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да разговара за усвојување на неутрален статус како дел од мировниот договор со Русија, но тоа треба да го гарантираат трети страни, објави Ројтерс.

„Безбедносни гаранции и неутралност, ненуклеарен статус на нашата држава. Ние сме подготвени да одиме кон тоа. Ова е најважната точка,“ изјави Зеленски пред група руски новинари преку видео повик.

Зеленски, разговорот со руските новинари го водеше на руски јазик, при што истакнал дека во преговорите со Русија, се разговарало за употребата на овој јазик во Украина.

По разговорот на Зеленски со руските новинари, Русија забрани емитување на интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна рунда разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржат во Турција, од 28 до 30 март

(Видео) „Руските авиони не може да бидат соборени со митралези“: Зеленски побара оружје од НАТО и праша „што чекаат, поминаа 31 ден“

Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Редакција

Османи од Украина: Мора да запре агресијата врз украинскиот народ, потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие

Редакција

Лекарите се нашите херои и мора да бидат соодветно заштитени против коронавирусот

Редакција