еМагазин
Да помогнеме

Потребни се лупи за Давид и Катерина кои имаат оштетен вид

Десетгодишниот Давид и 13-годишната Катерина Рујковски имаат оштетен вид и за да можат да го завршат своето образование нормално, потребни им се специјални ТВ лупи кои родителите не се во можност да им ги обезбедат.

Семејството Рујковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на младите Давид и Катерина преку донации.

„Давид и Катерина се ученици, но тие не можат да ги извршуваат училишните обврски и задачи како нивните врсници поради краток вид, па поради тоа им се потребни специјални ТВ лупи, кои според некоја проценка чинат околу 10.000 долари. Двајцата родители се невработени и живеат со минимални финансиски средства за да можат да ги обезбедат специјалните лупи“, пишува kurir.mk

Донациите можат да се уплатат на хуманитарните сметки:

Давид Рујковски

300101000001840 Комерцијална банка

Катерина Рујковска

300101000001937 Комерцијална банка

Или пак да директно да стапат во контакт со нивните родители на телефонскиот број: 070/255-982.

извор: kurir.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му помогнеме на фудбалскиот работник Ѓорге Џонов да го добие најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста

Редакција

Семејството, роднините и полицијата трагаат по исчезнатите триесет и двегодишна кумановка и нејзина малолетна ќерка

Редакција

Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција