еМагазин
Image default
Македонија

Бошњачки демократски сојуз: Податоците од пописот се неприфатливи-работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба

Бошњачки демократски сојуз како политичка партија и на почетокот на процесот на попишување изрази сомнеж во исправноста на самиот процес и одредени неправилности, за жал нашите претпоставки се испоставија точни, се вели во реакцијата на партијата.

„Податоците од пописот за нас се неприфатливи затоа што постојано работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба. Нашата примедба е во пристапот на попишување.

Имено, имаме лични сведоштва на граѓани кои биле попишувани според претпоставки за нивната етничка и верска припадност. Притоа, граѓаните, немаа можност во исто време да направат увид во внесените податоци.

Ништо помалку важна не е ниту забелешката за отежнатиот процес на попишување на дијаспората. Добивме забелешки за бројни технички проблеми со апликацијата при попишување, поради што уверени сме и тврдиме дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Р.С.Македонија е далеку поголем,“ се вели во соопштението.

Од таму наведуваат дека поради сето ова наведено, „јавно укажуваме на пропустите и се заканивме со излегување од владеачката коалиција и бевме уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила.“

„За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите.

Бараме да се преиспитаат резултатите и да се утврдат неправилностите за да резултатите од пописот спроведен по две децении бидат реални и да одговараат на потребите на граѓаните, а не да служат на поткусурување на партиските интереси,“ додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ахмети, Пописот е успешен

Демократската партија на Турците: Резултатите од Пописот не ги прифаќаме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот весник Комерсант: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Редакција

Османи: Не очекувам дека може да усвоиме преговарачка рамка, без конкретен термин за меѓувладина конференција

Редакција

Османи: Името „Ванчо Михајлов“ е провокација, Бугарија треба да објасни пред светот зошто им се важни некои личнoсти

Редакција