еМагазин
Image default
Македонија

Повикот за бојкот причина за разликите во бројот на државјани во дијаспората, смета Османи

Мислам дека повикот за бојкот беше најголемиот фактор за малиот број попишани наши државјани во одредени држави и ние го почувствуваме тоа во текот на Пописот, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг, коментирајќи ја разликата во бројот на лица кои со Пописот се вбројани во дијаспората и оние кои се пресметани според бројот на државјанства.

– Уште за време на пописот нашите дипломати не информираа дека повикот за бојкот го дава резултатот, особено во Канада, САД и Австралија и тоа, за жал, се одразува и во бројките кои што ги имаме, нагласи Османи.

Тој потенцираше дека сите наши дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) биле максимално ангажирани подеднакво во секоја држава.

– Сега се разбира во Европа имаме повеќе ДКП којшто можат да покријат за нашите во дијаспората, за разлика од Австралија каде што имаме една Амбасада и Конзулат на целата територија на Австралија и не можат ни физички да ја покријат, за разлика од Европа каде може тоа физички да се постигне, наведе Османи.

МИА/Фото: Фејсбук/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела

Редакција

Судење за „Титаник“: Командири на МВР, во 2013 година во Струга барале поддршка за заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

Зголемена фреквенцијата на граничниот премин Јажинце со Косово, влегле околу 1.500 лица до 15 часот

Редакција