еМагазин
Image default
Македонија

Владата одобрила шест нови амбасадори, Османи не кажа имиња

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на новинарско прашање во врска со изборот на кандидати за амбасадори, наведе дека се избрани шест кандидати, но оти законски се уште не може да зборува за кои лица станува збор.

–  Нема да можам да спомнам конкретни имиња. Тоа што можам да го кажам е дека е вистина оти шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња.

Според Законот, јас не смеам да ги спомнам тие имиња, рече Османи во одговор на новинарско прашање околу тоа дека во јавноста се шпекулира оти меѓу кандидатите за амбасадори се и Теута Арифи и Виктор Димовски и дали при изборот се филтрира нивната морална одговорност. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заев: Европа мора да остане најсексипилна дама во светот

Редакција

На Силвана Бонева и се суди за високите патни трошоци, тврди дека е невина

Редакција

Апасиев: Задоволни сме од резултатите на изборите, можни се предвремени парламентарни избори

Редакција