Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.
Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.
За медицинските работници ќе важат правила за карантин, односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.
МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.