еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Матичните лекари утре на протест, бараат покачување на капитациониот бод

Матичните лекари ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство, на денот на здравјето, 7 април.

-Владата не исполни ниту едно наше барање. Економскиот совет на Владата да си најде пари за покачување на капитациониот бод на матичните лекари, за да може да ги задржиме младите лекари и да ги исплатиме соодветно медицинските сестри, изјави Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Од Здружението додаваат дека овој е трет протест и тоа го прават за, како што велат „да има доктори и медицински сестри во секое населено место, за да останат и младите во државата, а возрасните доктори да можат да работат достоинствено до пензија“.

„Милион закони се сменија, огромен број на министри се сменија, но само законот за доктори останува ист,“ додаде Чолакова-Дервишова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39-годишниот доктор Ненад Панов од Кочани почина од компликации од Ковид-19

Редакција

Затекнатите граѓани во Дебар вратени од Бошков Мост, не биле тестирани за коронавирусот

Редакција

Ѓоргиев оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна

Редакција