еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво

Светските цени на храната во март достигнаа највисоко ниво на сите времиња, бидејќи руската инвазија врз Украина предизвика „потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Нарушувањето на извозните текови како резултат на инвазијата на 24 февруари и меѓународните санкции против Русија поттикна стравувања од глобална криза со глад, особено на Блискиот Исток и Африка, каде што веќе се чувствуваат последици.

Русија и Украина, со огромни региони за одгледување жито кои се меѓу главните снабдувачи со жито во светот, сочинуваат огромен дел од светскиот извоз на неколку главни стоки како што се пченицата, растителното масло и пченката.

„Светските цени на прехранбените артикли значително се зголемија во март и го достигнаа своето највисоко ниво досега, бидејќи војната во регионот на Црното Море предизвика шокови на пазарите за основни житарки и растителни масла“, се вели во соопштението на ФАО.

Индексот на цените на храната на ФАО, кој веќе забележа рекорд во февруари, се зголеми за 12,6 отсто минатиот месец, „што направи огромен скок на ново највисоко ниво од неговото основање во 1990 година“, соопшти агенцијата на ОН.

Индексот, мерка за месечната промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи, во март изнесуваше во просек 159,3 поени.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Редакција

Нови 81 случаи на Ковид-19, оздравени 77, нема починати

Редакција

Лекција од Словенија: Развојот на локалните места треба да потекнува од луѓето кои живеат таму, нивните идеи и вложување

Силвана Жежова