еМагазин
Image default
Локално

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Полициски службеници привеле седум лица откако кај нив при контроли во угостителски објекти во Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, во периодот од 23:00 часот на 08.04.2022 до 03:30 часот на 09.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин.

– Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашкаста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашкаста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана, посочуваат од МВР.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски Аеродром доби заменик градоначалник откако Муцунски стана министер

Редакција

Полицаец добил удар од колега сред полициската станица во Штип

Редакција

Приведени 28 лица во полициска акција против улични дилери во Скопје

Редакција