еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, кој е осомничен за злоупотреба на позицијата генерален секретар на Владата

Сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, заврши во притвор поради сомневање за злоупотреба на функцијата.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога станал генерален секретар на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Одреден притвор за Мухамед Зеќири, другите двајца осомничени-хрватски државјани се во бегство

Каков имот пријавил

Според анкетниот лист на свое име пријавил куќа во Скопје од 600 метри квадратни, стекната со наследство, а истиот недвижен имот го пријавил и на име на брат му.

На свое име пријавил и стан од 81 метри квадратни во Скопје, проценет на 3,8 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругата пријавил девизен депозит од 5.277 евра, средства во готово од 500 илјади денари и 6.900 евра, како и скапа бижутерија и златен накит.

На име на брат му пријавил и барака со двор во Скопје и две возила Мерцедес.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ги „замрси“ сметките: Нова вонредна состојба или избори?

Редакција

(Фото) Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите во Крушево

Редакција

Првичните резултати од локалните избори, ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа

Редакција