еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Претседателот на руската парламентарна комора за контрола на буџетот, Алексеј Кудрин изјави дека руската економија годинава ќе забележи пад од 10 отсто, поради што Министерството за финансии ќе треба да предложи ребаланс на буџетот.

Доколку се оствари прогнозата на Кудрин, тоа ќе биде најголемиот економски пад од 1994 година, кога беше регистриран пад од 12,7 отсто.

По воведувањето на санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина, се очекува и зголемување на инфлацијата за 20 проценти.

Централната банка на Русија предвидува пад на активноста оваа година од осум отсто, а Светската банка го проценува на 11,2 проценти, што е приближно иста како прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За еден месец трговската размена меѓу Кина и Русија пораснала за 12,76%

Драстично расте инфлацијата во Русија, до крајот на годината може да стигне 20%

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Редакција

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

Редакција

Наставниците остануваат без работа поради иселувањето и намалениот број на ученици

Редакција