еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Претседателот на „Лукоил“ почина ткако наводно паднал од прозорец во болница

Шефот на вториот по големина руски производител на нафта „Лукоил“, Равил Маганов им подлегна на повредите откако наводно паднал од прозорец во болница, додека од корпорацијата засега нема одговор во врска со случајот.

„Во Москва е пронајдено телото на претседателот на компанијата за нафта „Лукоил“, Равил Маганов. Тeлото е пронајдено близу Централната клиничка болница на улицата Маршала Тимошенко.

Бизнисменот пристигна во медицинската установа пред смртта. Телото е пронајдено од страна на болничкиот персонал“, пишува рускиот весник „Правда“.

Во соопштение на рускиот производител на нафта, објавено во март на официјалната страница на „Лукоил“, се наведува дека се загрижени поради трагичните настани во Украина и како поддржуваат преговори со цел да се стави крај на конфликтот.

Надзорниот одбор на компанијата повика на моментален прекин на огнот.

Маганов работеше во „Лукоил“ од 1993 година, набргу по основањето на компанијата. Тој ги надгледуваше нејзините преработка, производство, истражување. Тој ја зазеде директорската функција на „Лукоил“ во 2020 година.

Неговиот брат Наил Маганов е на чело на рускиот производител на нафта „Татнефт“. Маганов беше близок соработник на еден од основачите на „Лукоил“, Вагит Алекперов, поранешен заменик на советскиот министер за нафта.

Алекперов поднесе оставка на претседателската функција на „Лукоил“ во април, околу една недела откако Велика Британија му го замрзна имотот и му наметна забрана за патување, како дел од санкциите против Русија.

МИА/Фото: Лукоил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гром ја опожари куќата на семејство од Долно Лисиче, потребни се средства за обновување

Редакција

Членовите на Советот за безбедност на ОН го осудија Хамас, Русија не

Редакција

МВР секој ден регистрира лица кои не ја почитуваат мерката за изолација, ќе одат ли во карантин?

Редакција