еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Предупредување од УХМР: Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето.

Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи

Редакција

Нови 386 случаи на Ковид-19, во Скопје 205

Редакција

Шоферот е во стабилна состојба, најголем дел од загинатите се од Гостивар

Редакција