еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Претседателот Стево Пендаровски излезе со став за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, во кој наведува дека иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза.

– Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер, наведува Пендаровски.

Во својот став тој наведува дека „во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ“.

– За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави.

Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока, наведува претседателот Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија

Фашистот Ванчо Михајлов, Петков ако сака нека си го слави и воздигнува во Бугарија, вели градоначалникот на Куманово

“Навреда на македонското национално достоинство“: Сојузот на борците за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кореа ауто-трејд“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на автомобил вреден 13.500 евра

Редакција

20 дена без одговор што е причината за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Обвинетиот Нинџа за настаните од „27 април“: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ, никој не ја знаеше режијата сите бевме статисти

Редакција