Телевизијата Телма објави дека 32 милиони евра тежи имотот, акциите и уделите кои што му се запленети или замрзнати на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков во рамките на истрагата „Империја“, а поради сомниние дека се стекнати на криминален начин или со пари од криминални активности.
Телевизијата објави дека од она што е познато е дека со оваа мерка е опфатен хотелот „Мериот“, куќата во која живее Мијалков на улицата „Салвадор Аљенде“, удели во „Дивелоп груп“, една третина од „Бест веј инвестментс“ и деловен простор вреден околу 1.7 милиони евра, кој се уште е во изградба, а се наоѓа на плоштадот во Скопје веднаш до хотелот „Мериот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имотот на Мијалков останува „замрзнат“: Кривичниот суд ги одби жалбите
Одбраната на Мијалков сe жали на Обвинителство за барањето за „замрзнување“ на неговиот имот
Случај „Империја“: Запленет имот на Мијалков
Фото: МИА