еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Аплициравме за вакцини против Ковид-19 за 20% од населението, очекувањата се дека ќе бидат достапни на почетокот на следната година

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека Македонија аплицирала преку т.е Ковакс систем за вакцини против Ковид-19.

„Тоа е систем на Светска здравствена организација (СЗО) и на Глобалната алијанса за вакцинација кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Сите земји од регионот и Европа аплицираа во тој механизам и тоа е едниот начин за пристап до вакцината.

Еве последните информации се дека во крајните фази од истражување е т.н оксфордска вакцина на компанијата Астра Зеника. Ние аплициравме преку Ковакс механизмот, како и сите други земји во регионот за вакцини за 20 посто од населението. Тоа се 800.000 дози, заради тоа што ќе треба по две дози, една и после неколку недели уште еднаш согласно сегашните сознанија за развој на антителата.

Како сега стојат сознанија во однос на напредокот, очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Имаме понуда и од уште две европски земји кои потпишаа и билатерален договор со компанијата, само земји членки на ЕУ. Полска ни пристапи и ни понуди да одредена количина ни препродадат од нивната.

И премиерот Мицотакис на премиерот Заев исто така му укажал дека ќе може да сметаме и на одредена количина и од Грција. Очекувањата се дека ќе биде во првите неколку месеци од следната 2021 година“, потенцираше Филипче и објасни дека вакцината нема да биде задолжителна бидејќи не е влезена во календар, но ќе има силна препорака.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока корупција и бавна правда: Извештај на Стејт департмент за човековите права во Македонија

Редакција

Петар Атанасов потврди дека сакал да биде министер

Редакција

Остануваат клучните разлики помеѓу власта и опозицијата за СЈО

Редакција