еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Реални се шансите да ја добијат војната“: Путин е блиску да обезбеди копнен коридор до Крим преку Мариупол, вели британскиот премиер Џонсон

Британскиот премиер, Борис Џонсон, во денешниот разговор со новинарите призна дека има реални шанси руските сили да ја добијат војната во Украина.

Коментирајќи ги извештаите на воените претставници дека Русија може да ја добие војната, Џонсон рече: „Тажно е што постои реална шанса за тоа. Се разбира, Путин има огромна армија. Неговата политичка позиција е исклучително тешка, бидејќи направи катастрофална грешка“.

– Единствената опција што ја има сега е да продолжи со својот застрашувачки пристап, предводен од артилеријата која се обидува да ги срамни украинските градови со земја. Сега е блиску до обезбедување копнен коридор до Крим преку Мариупол. Ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мора да бидеме реални за тоа, додаде британскиот премиер.

Џонсон нагласи дека Украинците покажале неверојатен хероизам во војната.

– И покрај воената супериорност на Путин, тој не успеа да го победи духот на украинскиот народ, рече тој.

Џонсон посочи и дека Британија ќе испрати уште артилериско оружје во Украина и потврди дека следниот месец повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

МИА/Фото: Твитер/Џонсон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Фатиме Фетаи, новата обвинителка во Вишото јавно обвинителство

Редакција

(Вознемирувачко видео) Италијански и холандски навивачи направија хаос во Тирана и ја нападнаа полицијата

Редакција

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Редакција