Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека синоќа околу 21.40 часот во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ во скопски Чаир две лица пукале со автоматско оружје.
– Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал.
Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје, информираа од МВР.
Медиумите објавија дека убиеното лице е Јонуз Идриз, брат на Камбер Идризи, кој беше убиен минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали камерите на околните објекти ја снимиле престрелката во Чаир: Детали од Обвинителството